Германска јазична диплома DSDI – ниво А2/Б1“

Во рамките на Проектот специјализирана германска паралелка во СУГС „Георги Димитров“ во учебната 2016/2017 година се спроведе полагање на меѓународно признат јазичен испит „Германска јазична диплома DSDI – ниво А2/Б1“.

Повеќе...

Eurostronomia Erasmus + Project

Училиштето е добитник на проект насловен Eurostronomia  од програмата  Еразмус +  за акцијата Соработка за иновација и размена на добри практики кој на учениците и надтавниците по физика од 8 учлишта од различни земји ќе им овозможи да работат заедно, со цел да ги подобрат мерките за учениците и да споделуваат иновативни практики.

Повеќе...

Учество во манифестацијата „Европска недела на мобилност 2016“

Министерот за животна средина и просторно планирање и градоначалникот на град Скопје свечено го промовираа започнувањето на европската недела на движење која се спроведуваше од 16-ти до 22 септември во Скопје Република Македонија и во неа земаа учество 2.427 градови и градчиња што претставува досега најголемa организиранa активност  низ цела Европа. Активностите се реализираа со поддршка на  Европската Делегација во Република Македонија и ЕУ Инфо Центарот во Скопје.

 

Тема на Европската недела на мобилност беше Паметна и одржлива мобилност – влог за Европа

                Изборот на десет кандидати и од нив селектирани три финалисти е извршен од страна на независен панел за мобилност и експерти за транспорт од вкупно 63 пристигнати апликации од 23 држави.

            Ученици од СУГС „Георги Димитров“ во организација и менторство на професорот по спорт и спортски активности Бранко Аврамовски учествуваа во големото дефиле што на градските улици се возеше по повод меѓународниот ден без автомобили.

                Учениците  упатија јасна порака за намалување на загадувањето и одржувањето почиста, поздрава животна средина и промоцијата на алтернативните видови транспорт.

 

По стапките на Свети Климент Охридски

„По стапките на Свети Климент Охридски“

Реализација на манифестацијата „Одбележување на значајни настани и личности од областа на образованието

Покровител на проектот: Сектор за образование, Град Скопје

Време на реализација: Март, Април, Мај 2017 година

Учениците од СУГС „Георги Димитров“ – Скопје учествуваа во реализација на проектот „По стапките на Свети Климент Охридски“ кој се одвиваше во повеќе фази.

 

Повеќе...

Наставни планови за гимназиско образование за учебната 2017/2018 година


Со оглед на тоа што од учебната 2017/2018 година во средното образование започнува сукцесивно воведување на адаптирани наставни програми од Cambridge International Examinations по наставните предмети математика, биологија, хемија и физика Министерот за образование и наука ги донесе наставните планови за подрачјата во гимназиското образование.

 

Истите можете да ги најдете на следниот линк: 

Конкурс за запишување ученици во јавните средни училишта во Република Македонија за учебната 2017/2018

На страната на Министерството за образование и наука на Р. Македонија е објавен конкурс за запишување ученици во јавните средни училишта во Република Македонија за учебната 2017/2018

 

http://www.mon.gov.mk/index.php/2014-07-23-14-03-24/vesti-i-nastani/1899-2017-2027

The Betst bookmaker bet365 Review
How to register at bookamkersHere